Организација на жени: Алкохолизмот главна причина за семејно насилство во Струмица

Од:

Алкохолизмот главна причина за семејно насилство во Струмица, а според статистиката жртви се жените, истакнаа денеска од Организацијата на жени, организатори на дебатата „Заедно против насилството врз жените.“

-Во 2015 година имавме најголем број изречени привремени мерки од семејно насилство на луѓе кои злоупотребуваат алкохол, на кои, согласно законските прописи подлежат на задолжително лекување од алкохолизам во институција од затворен тип, обично тоа е Психијатриската болница Негорци. Бројките за 2017 не се сумирани, но во 2016 година имавме поднесено 40 кривични пријави за семејно насилство и сите извршители беа мажи, рече Нетка Ковачева, адвокат и дел од Организацијата на жени.

Македонија се подготвува за ратификација на Истанбулската конвенција за заштита од родово базирано насилство, рече Мила Царовска министер за труд и социјална политика, која учествуваше на дебатата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз своите мајки

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени