Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да присуствува денеска на жрепката за Светското првенство во фудбал, што ќе се одржи идната година во таа држава.
Информацијата ја потврдија и од прес службата на Кремљ.
Жрепката ќе се одржи попладнево, а водител на церемонијата ќе биде легендарниот англиски фудбалер Гари Линекер и руската спортска новинарка Марија Команднаја. За извлекувањето на топчињата ќе помагаат Никита Симојан, Лоран Блан, Гордон Бенкс, Фабио Канаваро, Кафу, Марадона, Пујол и Диего Форлан.
Пред церемонијата, Путин во Кремљ ќе има средба со ѕвездите на светскиот фудбал кои ќе учествуваат на свеченоста. Меѓу нив ќе бидат и Роналдо, Роналдињо, Пеле, Уго Санчес, Дидие Дрогба, Самуел Ето и многу други.
Светсктоо првенство ќе се игра од 14 јуни до 15 јули следната година во Москва, Калининград, Санкт Петербург, Волгоград, Казањ, Нижни Новгород, Самара, Саранска, Ростов, Сочи и Екатеринбург. Мундијалот ќе биде отворен на 14 јуни во Москва со натпревар на кој ќе игра домаќинот Русија, а на истото место – (стадион Лужник) ќе се игра и финалето.