МТВ јавен сервис или сервис на власта?

Од:

Чиј е јавниот сервис, на граѓаните, кои имаат право на објективна информација или огласна табла на власта.

Ова прашање се наметнува по најновиот скандал кој го предизвикаа оние кои издаваат наредби.

Jавниот сервис МТВ, не сака ни за пари, како што тоа со децении наназад го правеше, на државните тв куќи од странски земји да им овозможи преку нејзиниот сателит да имаат јавување во живо од Скопје. Но не за сите, туку наводно, ваквото нововедено правило е од неодамна и тоа важи само за јавувања во кои гости се личности од македонската опозиција.

Либертас дознава дека државната ХТВ наводно била одбиена во два наврати – неодамна кога во вестите на ХТВ имаше кусо интервју со лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, и гостувањето планирано за деновиве на Хрватската телевизија, на професорот Фрчкоски, кој важи за критикувач на политиките на актуелната власт.

Барањето за ваква услуга, се разбира, за пари, од одговорните било одбиено без некое посебно образложение. Колегите од Загреб, иако зачудени, сепак се снаоѓаат – интервјуто со Црвенковски го реализираа преку Скајп, а така најверојатно ке биде и со Фрчкоски.

МТВ е член на ЕБУ (Европска радио-дифузна унија), тоа значат права и обврски кои мора да ги исполнува. Јавниот сервис кај нас се финансира од парите на народот, без разлика на партиска, етничка или верска припадност

Би можело да ве интересира

МТВ проверува упад во системот, реакција откако вчера немаше Дневник во центрлните термини

Катерина Ѓуровски

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Почина Јулијана Тануровска, новинарка и одговорен уредник во МТВ

Предраг Петровиќ