Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во текот на ноќта времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и истичните делови каде локално ќе наврнат и над 50 литри на метар квадратен.
Од радарскиот центар во Тополчани се добиени радарски слики на кои се забележува дека во моментов врнежи со голем интензитет се забележуваат во делови на Полог и територијата западно од Скопје.
– Поради можноста од продолжена појава на поројни врнежи во овие делови на Република Македонија, а и пошироко во западните и источните делови на државата, предупредуваме на внимателност поради можна појава на брзо растење на водните нивоа на помалите реки и суводолиците, соопшти УХМР.
