Амбасадорите на западните нуклеарни сили нема да присуствуваат на доделување на Нобеловата награда за мир

Од:

Нобеловиот институт соопшти дека амбасадорите на западните нуклеарни сили нема да присуствуваат на церемонијата по повод доделувањето на Нобеловата награда за мир, која што оваа година им припадна на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје (ИЦАН).

– Тие очигледно добиле инструкции да изразат резерви кон ИЦАН и договорот за забрана на нуклеарните оружја, изјави директорот на Нобеловиот институт, Олаф Нјелстад.

На 6. октовмри беше одлучено Нобеловата награда за мир да ја добие ИЦАН, коалиција од невладини организации, кои работеа на Договорот за забрана на нуклеарното оружје, што е потпишан до 122 земји.

Нуклеарните сили одбија да го потпишат договорот. Како што соопшти Нјелстад, само рускиот амбасадор ќе присуствува на церемонијата, додека САД, Франција и Велика Британија ќе испратат дипломати од втор ранг од нивните амбасади во Норвешка.

Би можело да ве интересира

Затворената иранска активистка Наргес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир

Норвешкиот писател Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература

Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона ја добија Нобеловата награда

Затворениот белоруски нобеловец тврди: Русија сака Украина да биде зависна диктатура

Горан Наумовски

Норвешкиот Нобелов комитет ја повика Белорусија да го ослободи годинешниот лауреат Бељацки

А1он

Сите овогодинешните нобеловци се противници на Путин и Лукашенко, со години ја критикуваат власта

А1он