Сведок откри дека имало двојна фактура за машините на „Силекс неметали“

Од:

Вториот сведок на предлог на СЈО, Васил Ристовски на денешното рочиште за случајот „Труст“, рече дека тој го овластил Василије Авировиќ да ја поднесе спорната документација за тендерот во ЕЛЕМ.

На прашањето на обвинителот Артан Ајро, од каде вработен во „Магрони“, фирма за дистрибуција на вода, да пополнува тендер за ископ на јаглен и јаловина за РЕК Битола, сведокот тврдеше дека Авировиќ често одел за Кратово и во „Силекс неметали СТ“ ДООЕЛ Кратово и тој знаел да пополнува тендерска документација.

Обвинителот му го предочи полномошното, по што сведокот си го позна потписот.

Сведoкот тврдеше дека старите дампери на „Силекс неметали СТ“, машини кои се користат за ископ, завршиле како старо железо. „На тендерот учествувавме заедно со „Трансмет“ и фирмата подизведувач ВАТО“, рече сведокот пред судот.

Според сведокот, во „Силекс неметали СТ“ е откриено дека станува збор за паралелна фактура за истите машини.

„И јас дома имам дампери, ама не значи дека се мои. Син ми си игра со нив, рече обвинителот на СЈО, Артан Ајро, додавајќи дека поништената фактура била ставена во тендерската документација.

Во предметот на СЈО – „Труст“, првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Обвинителството на минатото рочиште ја презентираше листата од над 1.500 докази. Одбраната побара како доказ да не се изведуваат 155 документи, како и да се изземат и аудиоматеријалите што се однесуваат на два телефонски разговори – еден меѓу Кирил Божиновски и Влатко Чинговски, а вториот меѓу Никола Груевски и Влатко Чинговски.

Од СЈО посочија дека тоа се важни докази за нив и дека јавноста треба да знае што се случило. Судот не го прифати предлогот на одбраната, но и не дозволи да биде изведен доказ со диск со обработени банкарски сметки.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Предметот, како што информираше СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он