Османи: Односите меѓу Македонија и Косово се пример за добрососедство и пријателство

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Македонија, Илбер Хиса.

На средбата беше разговарано за развојот на односите меѓу двете земји, како и за имплементацијата на обврските за продлабочување на добрите односи, преземени на бројните средби на највисоко ниво остварени изминатиов период.

Беа отворени конкретни прашања за унапредување на меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, и тоа во насока на конкретни проекти во рамките на регионалните инцијативи за соработка, „конективити“ агендата на Берлинскиот процес, проектите за меѓугранична соработка, конкретни чекори за проектот Белановце – Станчиќ, поврзување на Скопје и Приштина со автопат итн.

„Активностите на Владата се во насока на унапредување на односите со соседите, а во оваа смисла, развојот на односите меѓу Македонија и Косово претставуваат пример за добро пријателство“, истакна Османи на средбата.

Соговорниците ја реафирмираа својата заложба за соработка во рамките на регионалните иницијативи, како и интенцијата на двете земји за европските и евроатлантските перспективи на регионот.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Кој е Беким Сејдиу – кандидатот за претседател на Косово?

А1он