Утрово биле измерени -9 степени Целзиусови во Берово, што е најниска измерена температура во земјава во седум часот, по што следуваат Крива Паланка со -8, Куманово -7.
Минус 6 биле измерени во Скопје Петровец, Тетово, Лазарополе, минус пет Скопје Зајчев Рид, Крушево, Маврово, Демир Капија, Претор, Пожаране, Битола, Прилеп, Дебар, Струмица и Штип, минус 4 Тополчани, Ѓуриште, Охрид, Гевгелија, Виница, минус 2 во Дојран.
Времето денеска ќе биде сончево претпладнево, а попладне ќе се зголемува облачноста од запад, ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе се движат од 4 до 10 степени.
