Извештај за силувањата и сексуалната злоупотреба на жени и девојки Рохинџи побара комисијата на ОН за правата на жените од Мјанмар. Тие побараа и преземање на мерки за казнување на сторителите.
Од мјанмарксата влада беше побарано и да се соопштат деталите за жените и девојките убиени во конфликтот откако започна воената конфронтација од крајот на август.
-Ние од државата бараме посебен извештај кога ќе се случат тешки, големи и систематски повреди и кога овие прашања се релевантни за мандатот на Комисијата. Тој посебен извештај, исто така, е и знак на предупредување, изјави Нахла Хајдар, членка на таа комисија.