Принцот Митеб бин Абдула, кој беше сметан за главен наследник на саудискиот трон, синоќа беше ослободен од притвор поради прифатлив договор, со кој на власфите им платил над една милијарда долари.
Митеб беше началник на елитната Национална гарда и меѓу десетиците членови на кралското семејство, министри и други поранешни чиновници кои се под истрага за коруцпција, предводена од принцот Мохамед бин Салман.
Договорот за ослободување на принцот Бин Абдула вклучува и признавање на корупцијата.