Околу 11 отсто од лековите во земјите во развој се фалсификувани, што најверојатно е причина за смртта на десетици илјади деца од болести како маларија и воспаление на белите дробови, објавија од Светската здравствена организација (СЗО).
Експертите на СЗО испитале сто студии за повеќе од 48.000 лекови, а речиси 65 отсто од фалисфикуваните лекови биле за лекување на маларија и за бактериски инфекции.
Според научниците од Универзитетот во Единбург, од 72 до 169 илјади деца починале од воспаление на белите дробови поради лажни лекови.