Од утре вечер па се до сабота во Македонија ќе има обилни врнежи од дожд, под влијание на влажна и релативно топла воздушна маса, поради што се очекува да се стопи и веќе формираната снежна покривка.
Поинтензивни врнежите ќе бидат во западните делови, а од петок обилни врнежи се очекуваат насекаде. Снег ќе има само на планините повисоки од 2.000 метри.
На повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и над 100 л/м2 дожд.
