Утрово најстудено беше во Лазарполе и Маврово каде што температурата изнесуваше -7 степени, додека најтопло беше во Гевгелија со измерени четири степени.
Најмногу снег наврна во Ѓуриште, 14 сантиметри, додека најмногу дожд наврнало во Демир Капија, 20 литри на метар квадратен.
Со снежна покривка се и Крива Паланка, каде што има 13 сантиметри, Крушево 5, Виница, Маврово, Тополчани по 4 и во Пожаране 2 сантиметри.
Под нулата утринава се и температурите во Крушево -6, во Ѓуриште и Пожаране -4, Тополчани, Охрид и Берово -3, Тетово, Дебар, Претор и Крива Паланка -2, Битола и Прилеп -1 и во Виница нула степени. Над нулата утринава е во Куманово и Штип каде се измерени 1 степен, Демир Капија, Петровец Скопје, Дојран и Струмица 2 и во Скопје 3 степени.
Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Услови за слаб снег претпладне ќе има во источните делови од земјава, а од пладне ќе е претежно сончево со мала до умерена облачност.
Утринските температури се движат од минус три до три степени, додека дневните се очекува да достигнат од еден до пет степени.
Во главниот град ќе биде променливо облачно и студено со умерен до краткотрајно засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од нула до четири степени.
