Помалубројните заедници со свој канал на јавниот сервис

Од:

Со новите измени и дополнувања на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се предвидува отворање четврти канал на јавниот радиодифузен сервис, којшто ќе треба да ги опфати медиумските потреби на помалубројните заедници во Македонија.

Јавниот радиодифузен сервис би имал прва програма на македонски јазик, Собраниски канал, трет канал со 24 – часовна програма на албански јазик и четврти канал, каде што би се емитувале програми на турски, ромски, српски, бошњачки и влашки јазик.

Редакциите на програмите на помалуброните заедници се соочуваат го голем број проблеми при реализција на програмските содржини. Ердем Ахмет, новинар во редакцијата на турски јазик во МРТ денеска истакна дека максимата „Едно општество за сите“ би требало да важи за припадниците на помалубројните заедници во земјата, бидејќи и албанската заедница веќе има програма и телевизии кои емитуваат 24 часовна програма.Тој зборуваше во име на петте редакциии на помалубројните заедници на тркалезната маса „Предизвици и патот пред нас во насока на јакнење на капацитетите на редакциите на јавниот сервис на јазиците на заедниците“ што се одржа во организација на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ