Индонезиските власти денеска објавија максимален степен на тревога поради активирање на вулканот Агунг на островот Бали и наредија сите луѓе во радиус од 10 километри да се евакуираат.
Досега од реоните околу вулканот се евакуирани 40 илјади луѓе.
Владата смета дека уште 10 илјади лица треба да се повлечат на безбедно растојание.
Меѓунардниот аеродром е затворен за 24 часа.