Нов дневен весник во Македонија, „Независен“

Од:

Од денеска во македонскиот медиумски простор се приклучува уште еден дневен печатен медиум „Независен“ весник. Дневниот весник ќе започне со дистрибуција низ Македонија, преку сопствена колпортерска мрежа.

„Независен“ е бесплатен дневен весник, а за почеток граѓаните ќе можат да го добијат својот дневен примерок на повеќе главни крстосници и фреквентни места во државата. Според најавите, за кусо време весникот ќе треба да се наоѓа и во трговската мрежа, во малопродажните објекти, трафики, хотели, ресторани, во кафулиња и насекаде каде што за тоа ќе има интерес.

– На македонските читатели ќе се обидеме да им донесеме поинаква перспектива и друг агол на гледање на домашните и на настаните од светот. Тоа значи дека ќе има актуелни теми, новинарски разработени од различни аспекти, спротивставени ставови, длабински анализи, мислења, од перспективи за кои што сметаме дека треба да добијат на гласност.

„Независен“ ќе биде збогатен со лични ставови и колумни на етаблирани, но и на свежи лица на домашната општествена сцена. Уредувачката политика е отсликана и во нашиот слоган: Читај Вистина, биди Независен!, изјави Слободанка Јовановска, Главен уредник на Независен весник.

Концептот на весникот е да разработува вести и теми од политиката, економијата, културата, социјалата, спортот, шоу бизнисот, сето она што е предизвик за јавноста. Редакцијата на „Независен“ весник е комбинација од долгогодишни искусни и млади новинари.

Весникот ќе излегува пет денови во неделата, од понеделник до четврток на 16 страници, а петочниот број ќе биде на 24 страници, со тоа што во сите изданија ќе има по три страници на англиски јазик.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on