ОН: Една третина од жените жртви на насилство

Од:

Во пораката на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш по повод Меѓународниот ден против насилството врз жените се наведува дека една третина од жените во текот на својот живот имаат доживеано физичко или сексуално насилство, над 750 милиони жени стапиле во брак пред 18-годишна возраст, а повеќе од 250 милиони биле подложени на допирање на нивните гениталии.

Гутереш во пораката повикува дека секоја жена и девојка има право на живот без насилство и дека кршењето на човековите права во најразлични форми се јавува во секоја заедница, а особено се најпогодени најмаргинализираните и најранливите.

Во пораката се додава дека се почестите напади врз активистките за правата на жените е загрижувачка појава, а насилството врз политичарките го попречува напредокот во остварување на граѓанските, политичките, социјалните, економските и културните права на жената.

– Ако не се фатиме во костец со овој проблем, никогаш нема да да ја оствариме Агендата за одржлив развој до 2030 година, се вели во пораката, додавајќи дека е потребно сите во своите држави, региони и заедници, заеднички и истовремено да работат на реализација на истата цел.

Од ОН потсетуваат дека се вложуваат многу напори во решавањето на проблемот со насилството врз жените.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство