Со резултат од 2-1 македонскиот шампион Вардар се враќа од гостувањето кај руски Зенит во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на Европа.
Ова е петти пораз за Вардар во пет натпревари и е со најмала разлика во однос на досегашните резултати.
Домаќините подобро го започнаа натпреварот и водеа со 2-0 на полувремето со головите на Дмитри Полоз и Емилиано Рогони, а голманот на Вардар, Филип Гачевски успеа да одбрани и пенал.
Вардар го ублажи поразот во второто полувреме со голот на Дејан Блажевски во 3 минута од судиското надополнување, по корнер.
Во групата Л Зенит се наоѓа на првата позиција со 13 бодови, Реал Сосиедад е втор со 12, Розенборг има 3 и Вардар е последен без бодови.
Во последното коло, Вардар на 7 декември во Скопје го пречекува Розенборг.