(ВИДЕО) Заев – Борисов: Билатералните односи се значајни за евроинтеграциите на Македонија

Од:

Претседателите на владите на Република Македонија и на Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, одржаа прес конференција на која информираа за резултатите од заедничката седница на владите на двете земји што денеска се одржа во Струмица, како и за Заедничка декларација од првата средба меѓу владите на Република Македонија и Република Бугарија, во која се нотирани заложбите за унапредување на соработката во сите сфери.

Премиерот Заев во своето обраќање пред големиот број медиумски претставници истакна дека со оваа заедничка седница, владите на Република Македонија и Република Бугарија застануваат една до друга во ефектуирање на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и дека со изразената политичка волја се активира уште еден од моторите кои треба да го повлечат целиот регион напред.

– Оваа свест што ја имаме како влади, за нашата историска одговорност, да одговориме на моментот што отвора перспективи, е значајна за нашите билатерални односи, е значајна за евро-интеграциите на Македонија, и значајна за евро-интеграциите на регионот. Но, пред сѐ и над сѐ, почитувани граѓани на двете држави, ние, како политички раководства, испраќаме силна порака во регионот и во светот: дека вака се гради пријателство, вака се негува добрососедство, вака се развива соработката, вака се сакаат своите граѓани, и вака се обезбедува долгорочна стабилност – истакна премиерот Заев.

Како што информираше премиерот Заев на заедничката седница било разговарано за продлабочување на соработката во областа на економијата, енергетиката, инфраструктурата, прекуграничната соработка, потребните реформски процеси за европските и евро-атлантските интеграции.

– Определени сме да ги зајакнеме трговско-економските врски преку бизнис контакти, бизнис форуми, саеми и слично. Промовираме патувањата на туристи од трети земји, вклучувајќи и развивање заеднички туристички производи. Ги истражуваме можностите за развој на нова директна врска за гас меѓу државите и дополнително снабдување со гас за двете земји, регионот на ЈИЕ и ЕУ. Високо ги цениме аранжманите помеѓу двете влади за развојот на Коридорот 8, чијашто реализација е во насока на поддршка на еден од нашите заеднички приоритети за поврзување, а со тоа и можност за билатералниот и регионалниот економски развој. Заедно ќе работиме на решавање на новите безбедносни предизвици, вклучително и тероризмот, кибер и хибридни закани, како и управувањето со миграциските текови, земајќи ги предвид економските, социјалните, хуманитарните и политичките димензии на секој од предизвиците. Заедно ќе работиме на проектите за градење и консолидација на демократските институции и граѓанското општество во земјите – рече Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев.

Премиерот Заев се осврна и на потпишаната заедничка Декларација, во којашто се нотирани сите заложби на двете страни за унапредување на соработката во сите сфери.

– Со Декларацијата, ја потврдуваме желбата за зајакнување на односите во сите сфери, во дух на отвореност и доверба, меѓусебно почитување и разбирање. Ја нагласуваме важноста на добрососедските односи и активната регионална соработка како основа за трајна стабилност и безбедност во Југоисточна Европа. Убедени сме дека перспективата за членство на Република Македонија во Европската унија и НАТО продолжува да биде главен двигател за реформите што водат до трајното утврдување просперитет и стабилност – нагласи Претседателот на Владата на Република Македонија.

Во продолжение на своето обраќање пред медиумите, премиерот Заев рече дека е договорена надградување на соработката, насочена кон успешната подготовка на Република Македонија за пристапување во ЕУ и НАТО, и нејзино интензивирање за време на претстојното претседавање на Република Бугарија со Советот на ЕУ.

– Ќе имаме редовни консултации за важни прашања од надворешната политика и политиката за безбедност, и за други прашања од заеднички интерес на ниво на министерства и дипломатски претставништва во ЕУ и НАТО – информираше премиерот Заев.

Во завршницата на своето обраќање на конференцијата за медиумите, во име на граѓаните на Република Македонија, на Владата на Република Македонија и во негово лично име, премиерот Заев изрази искрена благодарност до граѓаните на Република Бугарија, до неговиот колега, премиерот Бојко Борисов и до Владата на Република Бугарија за отвореноста да и помогнат на Република Македонија во остварувањето на стратешките, евро-интеграциски цели и за можноста за градење пријателство со кое се отвора европска и евро-атлантската иднина за целиот регион.

Претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, во своето обраќање на прес конференцијата истакна дека во целост ги поддржува спогодбите, декларацијата, како и приоритетите за кои говореше неговиот колега, премиерот Заев.

Тој нагласи дека претстои период, кога Република Бугарија ќе го земе претседавањето со ЕУ, да се направи сериозен исчекор на земјите од Западен Балкан во пристапувањето на унијата, вклучувајќи ја и Република Македонија.

За таа цел ќе биде од огромен придонес и реализацијата на договорените проекти на заедничката седница во Струмица, особено иницијативите за економска, инфраструктурна и енергетска соработка. Овие проекти во голема мерка ќе учествуваат во благосостојбата на граѓаните на двете земји и на тој начин ќе ги охрабрат и политичките лидери да ги направат неопходните чекори за продлабочување на соработката, која што ќе биде сигнал за Брисел да ги отвори вратите на ЕУ многу побргу, истакна премиерот Бојко Борисов на прес конференцијата по заедничката седница на македонската и бугарската влада.

Двајцата премиери, во продолжение на седницата одговараа на прашањата од интерес на новинарите, а потоа премиерот Борисов, во име на Владата на Република Бугарија, на општина Струмица и ја предаде донацијата – возило за лица со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски?

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески