Поповска: Решавањето на отпадот да си го поставиме како европски приоритет на Балканот

Од:

„Решавањето на отпадот треба да си го поставиме како европски приоритет на Балканот за сите земји од регионот . Не треба да чекаме поглавјето за животната средина да ни биде побарано од ЕУ како последно за решавање, туку сами да се зафатиме со него затоа што е во наш интерес.

Недозволиво е нашите убави земји да бидат прекриени со тони отпад , а водите и почвите да бидат загадени. Постои експертско знаење во институциите, во бизнис секторот и во граѓанскиот сектор, а постојат и огромни можности за користење европски фондови поединечно или регионално за ова цел“, рече пратеничката Лилјана Поповска на годишната конференција на MASWA- Македонска асоцијација за упраување со отпад.

На конференцијата беа претставени проблемите што постојат во секторот со управување со отпад но и можностите за користење европски фондови.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески