ВИДЕО: Премиерите Заев и Борисов положија свежо цвеќе пред споменикот на поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски

Од:

Претседателите на Владите на Република Македонија и на Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска положија венци свежо цвеќе пред споменикот на поранешниот Претседател на Репубика Македонија, Борис Трајковски, во Струмица.

Двајцата премиери по оддавањето почит за Борис Трајковски, ги отпочнаа работните активности на заедничката седница на двете владини делегации.

На оваа седница која доаѓа како резултат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка се разговара за продлабочување на соработката во областа на економијата, енергетиката, инфраструктурата, прекуграничната соработка, потребните реформски процеси за европските и евро-атлантските интеграции.

На седницата ќе бидат потпишани повеќе билатерални договори.

Двете Влади денеска ќе потпишат заедничка Декларација од првата средба меѓу Владите на Република Македонија и Република Бугарија, во која се нотирани заложбите за унапредување на соработката во сите сфери.

Според агендата на овој настан, како завршница на програмата ќе се одржи заедничка прес конференција на двајцата премиери, како и свечено предавање на донација на општина Струмица од страна на Владата на Република Бугарија.

Би можело да ве интересира

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Автобуска несреќа во Бугарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница