Каранфиловска Пановска: Нема гаранција дека е прекинат надзорот на телекомуникациите

Од:

Заштита на приватноста од аспект на контролирањето на комуникациите и надзорот, заедно со медиумската сфера, се подрачјата во кои извештајот од септември на експертската група на Рајнхард Прибе констатира дека и по две години во голема мера нема никаков напредок и мора нешто да се направи.

Ова го посочи извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество“ Македонија Фани Каранфиловска Пановска на отворањето на денешната 13. Меѓународна конференција „Е-општество“ во Скопје.

– Немаме никаква гаранција со оглед на тоа дека во извештајот се констатира дека во планот на надзорот на телекомуникациските системи нема никаков напредок. Немам никаква причина зошто да верувам дека тоа е прекинато. Можеби е, но не добивам таков впечаток од ниеден од пишаните документи и материјали од тоа како течат процесите. Со самиот факт што сега допрва Министерството за внатрешни работи покренува иницијатива за нов закон за оперативно техничка Агенција што ќе треба да го преземе овој дел од УБК на друго место покажува дека таму поставеноста и пристапот до информациите и телекомуникациските системи не е променет, изјави Каранфиловска Пановска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски