Екипата на Вардар денеска замина кон Санкт-Петербург каде што утре го игра натпреварот од 5. коло од групната фаза во Лигата на Европа против Зенит.
Експедицијата на „црвено-црните“ предводена од раководството, стручниот штаб и фудбалерите попладне ќе пристигне во рускиот северен град, каде ќе го има официјалниот тренинг на стариот стадион на Зенит
Претходно Вардар ќе одржи прес конференција на која што ќе присуствува шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски и еден фудбалер кои ќе ги искажат своите очекувања од утрешниот натпревар.
Зенит е апсолутен фаворит на дуелот со македонскиот шампион. По четири кола во Лига Европа, рускиот тим со 10 бода е лидер во Л-групата, Вардар е последен без освоен бод.