Макрадули: Македонија има добри примери како отпадот да се претвори во енергија

Од:

Примена на технолошки решенија во Република Македонија за третман на отпадот при што како резултат се добива енергија беше во фокусот на панел дискусија на тема „Од отпад до енергија – предизвици и можности” што денеска се одржа во Скопје во рамки на Европската недела за намалување на отпадот.

На дебатата во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Здружението на граѓани „Гоу Грин“ со свои искуства се претставија ИНА Енерго Систем Скопје, македонски партнер на италијанскиот конзорциум “Еко Енерџи”, компанијата Везе Шари и Лекер и Цементарница Усје АД Скопје како добри примери за различно искористување на комуналниот отпад за добивање на енергија.

– Македонија навистина може да се пофали со примери кои се и регионално оценети како добри примери и кои овозможуваат не само да станеме енергетски понезависни, туку на тој начин да придонесеме кон намалување на аерозагадувањето, рече заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Би можело да ве интересира

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Гори отпад од стари автомобили во Куманово

А1он

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто