Средба Џафери-Хан: Приоритет на Собранието ќе биде донесувањето на пакетот закони кои произлегуваат од препораките на Прибе

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, кој е во дводневна посета на Република Македонија.

На почетокот на средбата, Џафери го информираше еврокомесарот за тековните и претстојните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со реформските процеси неопходни за добивање на позитивна препорака за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија.

Од своја страна, еврокомесарот Хан подвлече дека од суштинско значење е донесувањето на закони неопходни за добивање на позитивна евалуација на почетокот на следната година и го поздрави односот на претседателот на Собранието кон парламентарната опозиција и позитивните промени во земјата во насока на изготвување на позитивен извештај за Република Македонија.

На крајот на средбата, Џафери изрази уверување дека како приоритет во работата на Собранието до крајот на годината е донесувањето на пакетот на реформски закони кои произлегуваат од препораките на Прибе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште