(ВИДЕО) Иванов: Ќе го потпишам законот за јазици ако е во согласност со Уставот

Од:

Во одговор на новинарско прашање дали ќе го потпише законот за јазици, претседателот Ѓорге Иванов рече дека ќе се произнесе кога текстот на законот ќе пристигне кај него. Сепак, како што додава тој, потпис на законот ќе стави доколку тој е во согласност со Уставот.

„Со внимание ја следам распрвата за законот за јазиците, но нацрт текстот сè уште не пристигнал кај мене во кабинетот. Кога ќе пристигне и откако ќе го видам, ќе се прознесам по него. Законот мора да биде во согласност со Уставот и националните интереси“, рече Иванов.

Во однос на прашањето дали на средбата со неговиот албански колега, Илир Мета, станало збор за градоначалникот Едмонд Темелко кој е во притвор, Иванов рече дека и на Владата ѝ пренел дека здравствената состојба на Темелко е нарушена и бара да се најде решение за него кој има двојно државајнство и албанско и македонско.

„Состојбата на Темелко е многу влошена и не сум сигурен дали тој може да го издржи целиот овој судски процес. И претседателот Мета изрази загриженост и волја да се најде соодветно решение“, рече Иванов.

Иванов додаде дека исклучителната врска помеѓу двете земји се Македонците во Албанија и Албанците во Македонија и унапредувањето на нивната состојба во двете држави.

Г.Д.М.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски