Прифатено барањето на Фетаи-на Груевски да му се суди и кога не се другите обвинети

Од:

По барање на обвинителката Фатиме Фетаи, судот одлучи кривичната постапка против седмообвинетиот во случајот за насилството пред општина Центар, Димче Крстев, да се води одвоено.

Фетаи рече дека на секое од рочиштата не е присутен некој од обвинетите.

„Не знам дали некогаш ќе ги собереме сите обвинети. Една година, 2 месеца и 6 дена главната расправа не може да започне“, рече Фетаи.

Претходно Крстев побара да се одложи судењето, со изговор дека се чувствува лошо и се пожали од третманот на полицијата за време на приведувањето.

„Полиција влезе кај мене дома, во 4 часот за присилно да ме приведе“, рече тој и додаде дека нема адвокат.

Судијката Татјана Михајлова истакна дека не ја повлекла наредбата за стражарно приведување, зашто документацијата била доставена од адвокат која не го застапува.

На другиот обвинет, Даниел Труфуновски му се слоши.

На судењето со десетминутно задоцнување се појави и првоосомничениот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Главната расправа за насилството пред општина Центар, беше одложена неколку пати. Груевски, заедно со уште 13 лица меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески се обвинети дека поттикнале насилство во Општина Центар во 2013 година. Судијката Татјана Михајлова неколкупати ги одложува рочиштата поради отсуство на обвинетите, а одлагање имаше и поради тоа што предметот со списите беа во Апелација за казните на обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи. На минатото судење не беа присутни двајца од обвинетите. Поради неоправдано отсуство на обвинетиот Димче Крстев, обвинителката Фатиме Фетаи побара на следното рочиште тој да биде стражарно приведен.

В.М.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов