Температурните услови и врнежите што ја зафатија Македонија се добри за земјоделството, особено за посевите кои се во ниски фази на развој најмногу поради ниската влажност во досегашниот период, сметаат агрометеоролозите.
Според нив, стабилизацијата на времето наредната недела со пониски утрински температури и дневни од околу 10 степени, ќе овозможи нормален развој на културите.
– Врнежите дожд во текот на викендот очекуваме да ги надополнат резервите влага и во подлабоките слоеви што е гаранција за наредниот период, велат од УХМР.
