Советот за оценка на обвинителен акт при скопскиот Кривичен суд го прифати обвинението за случајот „ТНТ“ на СЈО, објави МИА.
Согласно АКМИС системот, предметот ќе биде распореден на судија за натамошно постапување, кој треба да закаже термин за одржување на главна расправа за „ТНТ“
„ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.
Апелацискиот суд одлучи дека прислушуваните разговори во „ТНТ“ можат да се користат како докази во судската постапка.
Во овој предмет осомничени се екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, како и уште четири други лица.