Судијката која му дозволи на СЈО влез во УБК прераспоредена да суди организиран криминал

Од:

Новиот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, освен промената во распоредот за експретседателот Владимир Панчевски, кого го префрли да суди прекршоци, прераспоредил уште двајца судии.

Судијката Весна Димишкова, која поднесе кандидатура за претседателка на судот и за која медиумите пишуваа дека има поддршка од Американската амбасада во Скопје од Одделението за претходна постапка, ќе суди организиран криминал.

Весна Димишкова на СЈО му даде наредба за влез во Управата за безбедност и контраразузнавање. Дополнително, судијата Александар Милошески од Одделението за кривично полнолетни преминува да суди во Одделението за санкции. Овие одлуки за прераспоредувања не се конечни.

Судиите имаат рок од 3 дена да поднесат приговор до Врховниот суд, по што одлуката ќе биде правосилна.

В. М.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов