Женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“, по повод божикните празници во понеделник на 7 јануари во 20 часот ќе одржи концерт во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Во вторник, на 8 јануари, во Универзалната сала од 20 часот македонскиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски и Италијанката Марчела Орсати Таламан, која важи за една од најдобрите светски сопрани од поновата генерација, ќе настапат на традиционалниот Божиќен концерт на Камерниот оркестар „Скопски солисти“. На програмата на ова 12-то издание на концертот се дела кои ја симболизираат празничната атмосфера од Бизе, Респиги, Хендл, Штраус, Моцарт, Шуберт, Адам и Грубер. Со оркестарот ќе диригира гостинот од Италија Алесандро Д Агостини.
Македонскиот народен театар по повод новогодишните и божиќните празници исто тка во вторник на 8 јануари во 20 часот бесплатно ќе ја изведе претставата „Парите се отепувачка“ по текст и режија на Бојан Трифуновски. Во претставата играат Николина Кујача, Славиша Кајевски, Гораст Цветковски и Софиа Насевска. Сценограф и костимограф е Мери Георгиевска, музиката е на Кантон 6.
Од 18 часот тој ден бесплатно ќе биде изведена и „Сребрена свадба“ по текст на Маркес и режија на Звезда Ангеловска, во која игра Катина Иванова. Сценографијата е на Теодора Стојановска, а костимографијата на Ѓурѓица Спасовска.
МНТ исто така „Парите се отепувачка“ со слободен влез за публиката ја изведе и на 4 декември.