Со головите на Џеферсон Фарфан и на Кристијан Рамос репрезентацијата на Перу ноќеска во Лима го победи Нов Зеланд со 2:0 и избори пласман на Светското фудбалско првенство во Русија.
Перу е последниот учесник на Мундијалот 2018.
Првиот дуел од интерконтиненталниот бараж во Нов Зеланд заврши без победник 0:0 па на Перуанците им одговараше било каква победа.
Последен пат Перу на планетарниот собир на најдобрите репрезентативци беше во 1982 година.
Нов Зеланд остана на две учества, последен пат играше на Мундијалот 2010 година.