Во Демир Капија наврнаа 100 литри дожд на метар квадратен

Од:

Насекаде низ Македонија утринава врне дожд, а пообилни се врнежите во југоисточните и централните делови. Во крајните источни делови времето е само облачно и нема врнежи од дожд.

Најмногу дожд до седум часот наврнал во Демир Капија околу 100 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка два литри на метар квадратен.

Во Гевгелија наврнале 96 л/м2, во Дојран 81, Петровец кај Скопје 43, Маврово 28, Струмица 26, Зајчев Рид кај Скопје и Пожаране 24, Ѓуриште 23, Прилеп 21, Лазарополе 20, Крушево и Претор 16, Куманово 14, Тополчани 13, Тетово 12, Штип 10, Берово 9, Дебар 8, Виница 6, Охрид 5 и Битола 4.

Во текот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 14 степени.

Во Скопје слично време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 10 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски