Министерот Димитров ќе се сретне со градоначалникот на Солун, Бутарис

Од:

На 16 ноември министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров ќе оствари средба со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој ќе допатува во работна посета на нашата земја.

Ова е втора средба меѓу министерот Димитров и градоначалникот Бутарис за помалку од два месеци на која се очекува да продолжат разговорите од минатиот месец во Солун, за прашања од заеднички интерес, насочени кон унапредувањето на соработката меѓу Република Македонија и Грција и зближување на граѓаните од двете земји.

Исто така, средбата претставува континуитет на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба, како и околу можниот придонес на локалните власти во рамки на Мерките за градење доверба.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел