ДКСК-Транспаренси: Граѓаните недоволно информирани за Законот за заштите на укажувачите

Од:

Меморандум за соработка за примена на Законот за заштита на укажувачите, денеска потпишаа Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Транспаренси Интернешенал-Македонија (ТИ),што е поддржан од ЕУ и Амбасадата на Холандија, а е во рамки на проектот „Зајакнување на националниот систем на интегритетет во замјите од Западен Балкан и Турција и следење на развојот на антикорупциските реформи.

Слаѓана Тасева од ТИ-Македонија рече дека со оваа соработка граѓаните ќе се информираат за можностите што ги нуди Законот за заштита на укажувачите.

– Овој Закон го имаме две години и недоставува негова имплементација, а граѓаните не се информирани за можностите што ги нуди законот. Бидејќи ДКСК е задолжна да ја следи примената на Законот и да известува во Собранието на РМ, сметавме дека е најсоодветно Транспаренси Македонија и Антикорупциската Комисија да соработуваат како најодговорни за спроведување на овој закон, истакна Тасева.

Би можело да ве интересира

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски

Билјана Ивановска, кандидат на „Независни заедно“ за Центар заработи кривична пријава

Од денес Цвета Ристовска е нов заменик претседател на ДКСК

Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на ДКСК