Средбата на претставниците на Грција и на Македонија со медиаторот Метју Нимиц што требаше да се одржи на 20 или 21 ноември е одложена и презакажана за декември, потврдија за МИА дипломатски извори вклучени во процесот на разговори.
Причините за одложувањето на средбата засега не се посочуваат.
На средбата, што беше закажа подолга пауза, според грчките медиуми, Нимиц требало да излезе со конкретен предлог за решавање на спорот.