АМС: Обука за поголема функционалност на локалните младински совети

Од:

Во Скопје, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Совет на Европа се организира повеќедневна обука за “Зајакнување на соработката и градење партнерства со локалните младински совети на Македонија”.

Денеска, на првиот ден од обуката се обратија директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Шефот на Сектор млади при Совет на Европа, Антие Ротемунд.

Каевски потенцираше за важноста на локалните младински совети, како претставнички тела на младите на локално ниво. Со оваа обука развиваме вештини и капацитети кај младите советници од цела Македонија да креираат стратегии на локално ниво за полесно детектирање на младинските проблеми.

– Младинското учество ќе го зголемуваме и преку вклученост на младите и младинските организации во донесувањето на Законот за млади, кој треба да биде сеопфатен и вистински да ги претставува младинските интереси, рече Каевски.

Шефот на Сектор млади при Совет на Европа, Антие Ротемунд истакна дека се скенирани поголем број од младинските проблеми во Македонија и постои потреба од поголема инклузивност при носење на политиките, како и активно учество на младите во работите кои ги засегаат.

Во наредните пет дена, учесниците ќе работат со тренери и предавачи кои ќе пренесат компаративни и практични искуства за зголемена функционалност на локалните младински совети во Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска