Средба на Шилегов со борците од градскиот одбор на НОАВМ

Од:

Во чест на 13. Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска /13.11.2017 година/ се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

– Денеска за првпат ја имам честа да Ви се обратам како градоначалник на Градот Скопје и да Ви се заблагодарам што ја подаривте вашата младост на овој град и што ни ја подаривте слободата. Генерации пред нас копнееја и тежнееја да го остварат сонот за независна македонска држава. Вашата генерација ја извојува таа победа и го ослободи градот и земјата од фашизмот. Борбата за слобода е перманентна, и нашата генерација е исправена пред сериозни предизвици. Редно е да ставиме крај на омразата и поделбите, за да оставиме нешто добро за генерациите што доаѓаат по нас. Скопје заслужува многу да вложиме во него, и како луѓе и материјално. Очекувам оваа убава традиција на средби да продолжи, да го славиме овој ден, да оддадеме почит на загинатите борци за слобода и со пригодна програма да го одбележиме Денот на ослободувањето на Скопје, рече градоначалникот Петре Шилегов, на средбата со борците.

Трајко Стаматовски, претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ рече дека се надева дека соработката меѓу Градот Скопје и Градскиот одбор на Сојузот на борци во иднина ќе се продлабочи, во знак на почит кон минатото, сегашноста, но и кон иднината.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“