Истрагата на саудиските власти покажала дека во изминатите три години биле проневерени над 100 милијарди долари преку системска корупција и измами.
Државниот обвинител, шеик Сауд ал Моџеб рече дека 208 луѓе се приведени за сослушување, а без обвинение биле ослободени само седум.
Тој ги повика компаниите и банките да продолжат со трансакциите како и досега и кажа дека комисијата за борба против корупција има јасен правен мандат да премине во следната фаза и да ги замрзне сметките на лицата од интерес.