Руска амбасада: Тврдењата за ликвидација на Заев се недозволиви

Од:

Руската амбасада во Скопје ги отфрли и ги смета за недозволиви тврдењата на премиерот Зоран Заев дека Русија била вмешана во обиди за „ликвидација“ и подготвувала таква акција против него.

– Во Русија секогаш внимателно ги следат јавните изјави на високи функционери на други држави, особено оние што ги засегаат односите со нашата земја. Секако, не остана незабележано и неодамнешното интервју на Претседателот на Владата на Република Македонија за црногорското радио „Антена-М“ од 5 ноември оваа година. Со зачуденост и загриженост истакнуваме дека во тоа интервју, во контекстот на минатогодишните настани во Црна Гора, шефот на македонската влада, повикувајќи се на некои „репорти“ и „аналитичари“, намерно или не, ја претстави ситуацијата на тој начин дека Руската Федерација наводно била вмешана во обиди за „ликвидација“ и подготвувала такви акции против самиот господин Зоран Заев. Категорично изјавуваме дека ваквите тврдења се необосновани и ги сметаме за недозволиви, се наведува во реакцијата.

Воедно, од Амбасадата оценуват дека таквите тврдења нанесуваат штета на односите меѓу двете земји.

– Со жалење констатираме дека истите ја уриваат атмосферата на доверба меѓу нашите две земји, и нанесуваат штета на повеќегодишната заемно полезна соработка и се косат со декларираната подготвеност на Скопје за градење конструктивна соработка со Русија, желба за развој на пријателските односи меѓу две нашите земји, стои во соопштението од Руската амбасада.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Тројца руски дипломати протерани од државата, Захарова вели тоа нема да остане без одговор

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on