Средба Иванов-Дармановиќ: Македонија ја има поддршката од Црна Гора за интеграција во НАТО

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ.

Двајцата соговорници изразија интерес за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу двете земји и го поздравија континуираниот политички дијалог што укажува на традиционално пријателските односи меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Претседателот Иванов и министерот Дармановиќ се согласија дека двете земји имаат идентични надворешнополитички цели и треба да се фокусираат на нивна реализација преку интензивна меѓусебна соработка на билатерален и регионален план.

Во однос на европската перспектива претседателот Иванов посочи дека членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО е од клучно значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион и го нагласи интересот за интензивирање на политичко-безбедносната соработка со Црна Гора во контекст на НАТО.

„Евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност и развој. Потребна е јасна перспектива за приклучување кон ЕУ и силна поддршка за забрзување на НАТО-интеграцијата на Република Македонија“, порача на средбата претседателот Иванов.

Во тој контекст претседателот Иванов го поздрави позитивниот извештај на Европската комисија и охрабрувачките пораки од високи претставници на ЕУ во однос на лојалноста на Црна Гора во зачувувањето на заедничките европски вредности.

Министерот за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ, истакна дека еден од приоритетите на Црна Гора како иден претседавач со Јадранската повелба ќе биде поддршка за НАТО-интеграциите на Република Македонија.

Претседателот Иванов и министерот за надворешни работи разменија мислења за актуелните политички случувања во Република Македонија и Црна Гора, како и за состојбите во регионот и Европа.

Двајцата соговорници го потврдија интересот за продолжување на тесната соработка во рамките на регионалните иницијативи и разменија информации за претстојниот самит на процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин в година е Република Македонија. Со цел унапредување на регионалната и економската соработка беше потенцирана потребата од зголемени инвестиции во инфраструктурно поврзување на земјите од регионот.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски