Акцискиот тим за проектот „Интеграција на Ромите 2020“ (РИ2020) на Советот за регионална соработка (РЦЦ) утре во Тирана организира конференција на која ќе се разговара за потребите и приоритетите поврзани со пополнувањето на буџетските дупки во политиките за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција.
– Главната цел на конференцијата е да се создаде соодветен форум во чии рамки земјите учеснички и донаторите ќе разговараат за потребите и приоритетите на интеграцијата на Ромите, посебно во областа на вработувањето и станбеното згрижување, соопшти РЦЦ.