Кадри од МТВ, Сител и Вечер ќе ја „подновуваат“ Тв Алфа

Од:

Страв и незивесност во Тв Алфа. Постарите кадри, дури и некои од оние кои се од самиот почеток не знаат каква ќе биде нивната судбина.

По најновото „освежување“ со кадри од Сител и Вечер, и еден од Дневник , А1 он дознава дека се разговара и со дел од новиот тим на МТВ за трансфер во Алфа.

Со еден од уредниците е разговарано, но се уште нема договор.

Според неофицијални информации во Алфа одат Елена Бошковска, Марина Доковска и Борис Грујовски, сите од Сител и новинарот од Дневник, а порано од Вечер Градимир Марковски.

Либертас пак, од извори во Тв Алфа дознава дека емисијата на Оливера Трајковска, „Вин Вин“ нема да ја има, а нема да ја има и „Збор по збор“ на доскорешниот уредник Зоран Иванов .

На негово место сега како в.д. уредник е Константин Делимитов, а нов уредник е Коле Чашуле.

Отказно решение според извори на Либертас добила Јасминка Аневска презентерка од самиот почеток на Алфа, а во последните месеци репортер во телевизијата која според истите извори нема влакна на јазикот и во очи им кажувала се на раководство на телевизијата.

Истите извори посочуваат дека отказни решенија се подготвени за неколку новинари од старата гарда за новиот газда да биде сигурен дека уредувачката политика ќе биде сменета и ќе биде по вкус на власта.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on