Преку „Дојрани“ и „Ники“ само пеш, на „Евзони“ повремено со автомобил

Од:

Поради штрајк на грчките цариници, од изутрина во пет часот се затворени за сообраќај граничните премини „Дојрани“ и „Ники“ и се пропуштат само пешаци, а на „Евзони“ повремено се пропушаат патнички возила и пешаци, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Штрајкот на „Дојрани“ ќе трае до 23 часот, и ќе се пропуштаат само пешаци. На „Евзони“, пак, до 23 часот ноќеска ќе биде во целосен прекин сообраќајот за тешки моторни возила, а повремено ќе се пропуштаат патнички моторни возила и пешаци. На преминот „Ники“, според најавата, ќе се штрајкува до утре во пет часот и исто така ќе се пропуштаат само пешаци.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он