Атлетската федерација на Македонија во соработка со градските власти во Куманово и Скопје ќе организираат ноќни трки.
Трките ќе се организираат повод 11-ти и 13-ти ноември, деновите на ослободување на двата града.
Како што информираат од Атлетската федерација на Македонија (АФМ), согласно со календарот за натпревари за 2017 година ќе бидат организирани ноќните улични трки и тоа, во Куманово на 10 ноември со почеток во 18 часот, односно во Скопје на 12 ноември со почеток во 16 часот.
Пријавените натпреварувачи ќе бидат поделени во три категории, мажи, жени и ученици, со различна долќина на делницата.
За оние граѓано од главниот град кои ќе сакаат да учествуваат и на трката во Куманово ќе биде организиран бесплатен превоз.
АФМ предвидува и парични награди за најдобрите во машка и женска конкуренција како и медали и дипломи за учениците.
Детални информации околу начинот на пријавување за учество (настап) на двете трки може да добиете на официјалната интернет страна на АФМ (http://www.afm.org.mk).