Значително се намалил приливот на мигранти во Европа, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
– Бројот на пристигнати мигранти во Италија по средоземноморската маршрута оваа година се намали за 30 отсто во споредба со 2016 година, рече Могерини.
Како што кажа таа, на почетокот на минатата година пристигнувале до 70 илјади бегалци и мигранти од африканските земји, а сега таа бројка била околу 4 илјади
– Според овој показател намалувањето е околу 90 отсто, додаде Могерини.
Минатата година, во Италија имало рекордни 181.000 имигранти, од кои повеќето допатувале од Либија. Се очекуваше бројката оваа година да биде уште поголема, но благодарение на напорите на италијанската Влада и соработката со либиските власти на сите нивоа, забележано е значително намалување на миграцискиот проток.