Eкспретседателот на скопска единица, Владимир Панчевски, поднесе кривична пријава против специјалната обвинителка Катица Јанева и Злата Попова, претседателката на Основниот суд во Гевгелија, која нареди претрес кај него. Панчевски смета дека ова е кривична пријaва за кршење нa Законот за кривична постапка и на други закони.
„За првпат во историјата на Република Македонија, па и во историјата на модерна Европа на најбрутален начин со кршење на сите домашни закони и меѓународни стандарди јавно во предистражна постапка во која законот не дозволува дејствие на претрес кое е истражно дејствие и дел од истражна постапка“, пишува во кривичната пријава на Панчевски.
Граѓанската судијка, Злата Попова, која е и претседателка на Основниот суд Гевгелија според пријавата на експретеседателот на кривичен, била блиска пријателка на Катица Јанева, лажно се претставила и потпишала службен документ „Наредба за претрес на дом и лице“ надвор од сите законски и судски процедури.
Во кривичната пријава пишува дека на Панчевски му е нанесена и материјална штета – противправно му била одземена поголема количина електронски апарати и други предмети наведени во потврди за привремено одземени предмети во вкупна вредност од околу 300.000 денари, како и предмети кои не биле опфатени со наредба, и клуч од дом каде се вршел претресот како начин за обезбедување средство подобно за противправен влез во дом и други простории чија неповредливост е загарантирана со Уставот.
В. М.