Повторно е отворен шкотскиот парламент, кој претпладнево беше евакуиран откако во зградата пристигнале три сомнителни пакети.
– Зградата на парламентот е отворена и пратениците можат да се вратат во своите канцеларии, соопшти портпаролот на законодавниот дом.
– Безбедносниот инцидент во парламентот, евакуиран денеска по трите сомнителни пакети со бел прав, заврши без никакви проблеми, рече портпаролот.
При отворањето на еден од пакетите бил забележан непознат бел прав, по што зградата била евакуирана и во неа дошле полициски сили и пожарникари.
Инцидентот се случил во делот од зградата каде се сместени пратениците од Конзервативната партија.
Во 2001 година пет лица беа починаа откако во американскиот Конгрес пристигнаа пакети полни со бактерии на антракс, по што испраќањето на непознат прашок до институции се смета за можен терористички напад.