Парламентот на Шкотска денеска беше евакуиран откако во зградата пристигнале три сомнителни пакети.
При отворањето на еден од пакетите бил забележан непознат бел прав, по што зградата била евакуирана и во неа дошле полициски сили и пожарникари.
Инцидентот се случил во делот од зградата каде се сместени пратениците од Конзервативната партија.
Во 2001 година пет лица беа починаа откако во американскиот Конгрес пристигнаа пакети полни со бактерии на антракс, по што испраќањето на непознат прашок до институции се смета за можен терористички напад.