(ВИДЕО) Битола: Која е цената која може режимот да ви ја плати за да може да ги избришите вашите чувства?

Од:

„Деновите сме сведоци на сенародни протести против суспендирањето на демократијата од страна на власта и промовирањето на државното насилство како начин за решавање на политичките несогласувања, во и надвор од парламентот. За среќа, жителите на општина Битола ги препознаа нашите заложби и во голем број ни се придружија во борбата за демократија и поправедно општество“, изјави Златко Ќурчиевски, секретар на СДСМ Битола.

Илјадници Битолчани, рече, со различни партиски, етнички и верски определби излегоа од своите домови и им кажаа „НЕ“ на самоволието, партизацијата и диктатурата која ја спроведува Никола Груевски и неговата влада . Сите тие очекуваа барем на еден ваков протест да се појави и нивниот, нашиот, градоначалник Владимир Талевски. Иако можеби најповикан да застани на чело на колоната, тој сепак одбра да биде послушен партиски војник наместо татко на градот , верен поддржувач на една политика на раздвојување наместо сврзно ткиво за сите Битолчани.

Битола тоа нема никогаш да му го прости, токму затоа, денес се собравме на ова место бидејки е епицентар на погрешните политики на Талевски…Тука во радиус од 50 метри се наоѓаат дури пет потсетници како Талевски го водеше нашиот град изминатите 8 години. Околу нас се градската фонтана, офицерскиот дом, спортската сала, три некогаш репрезентни објекти со кои Битола се гордееше, а денес, благодарение на Талевски, се срами, бидејки се руини оставени на забот на времето. До нас е и т.н. Златен рид во поранешната касарна, големата шанса за препород на Битола која Талевски успеа да ја прокоцка со контроверзните продажби на градежни парцели. И конечно, тука е и зградата на Ј.П.Водовод симбол на поскапувањето и негрижата на локалната власт за стандардот на своите граѓани.

Можеби, токму заради овие факти Талевски одбра денеска да не биде со нас, едноставно оценил дека неговото време изминало. Во тој случај му простуваме за неговото неприсуство, но и му порачуваме дека во март , на локалните избори , Битолчани предводени од „Сојузот за иднината“ ќе стават точка на неговото владеење во општина Битола. Да живее Битола!!!

„Многу од граѓаните, под влијание на медиумскиот мрак и репресијата на слободниот збор во Македонија, сеуште целосно не ја согледуваат реалната ситуација во Македонија“, рече Благојче Котески, претседател на НСДП Битола и додаде:

Затоа денес е потребно да повториме што точно се случи на 24 декември, да повториме да не се заборави и никогаш повеќе да не се повтори. 24 декември, денот на нашиот црн понеделник, е денот кога за последен пат се разбудивме во Република Македонија и првиот кога de facto и de jure си легнавме во државата Република Фашистичка Македонија. Во тој црн понеделник, режимот предводен од Никола Груевски и неговата фамилија ги исфрли новинарите од Собранието затоа што не му требаа сведоци, во тепањето на бремени жени, пратенички, пратеници, за потоа да го силува деловникот на Собранието и на крај брутално да го убие Уставот на Република Македонија. Со ова убиство режимот изврши државен удар и го смена државното уредување на нашата држава. Со ова убиство режимот постави ново политичко уредување во Република Македонија. Од тој понеделник, во Македонија и официјално владее тоталитарно партиско полициски режим.

Драги мои, не е важно каде бевме до 24 декември, денот на нашиот црн понеделник. Тоа е минато и не може да се менува. Важно е каде сме денес, денес кога се пишува нашата историја, каде ќе бидеме утре, денот после тоа, каде ќе бидеме до денот на паѓањето на овај режим.

Денес на секој родољуб, местото му е во првите редови на отпорот, на браникот на татковината. Денес се работи за нас за нашата иднина, за иднината на нашите деца, денес се работи за Македонија.

Сакам да ги прашам подржувачите на режимот, намерно правам разлика помеѓу членовите и смпатизерите на ДПМНЕ. Многу од членовите и симпатизерите на ДПМНЕ не се подржувачи на режимот.

Од Вас, сакам, барем за момент, да се поставите во улога на сопруг кој својата бремена жена ја испраќа на работа и каде некој од колегите ја удира по стомак.

Како се чувствувате?

Сакам за момент да ги задржите овие чувства.

Ќе ве замолам, барем за момент да се поставите во улога на син чиј татко сака да и помогне на жена со повредена нога и за тоа јаде полициски пендрек.

Како се чувствувате?

Сакам за момент да ги задржите овие чувства.

Која е цената која може режимот да ви ја плати за да може да ги избришите вашите чувства?

Која е вашата цена за режимот да ја плати и со тоа да ја избрише секоја трошка човечност во вас?

Зарем, кај човек, постои таква цена?

Ако барем малку кај вас има останато трошка од човечки чувства, ако за вас нема цена која може да ја избрише човечноста во Вас, тогаш местото е тука, меѓу нас на браникот на демократијата, човечноста, љубовта, светлата иднина.

Ова е битка на доброто против злото. Ќе дојде ден кога ќе се гордееме или ќе се срамиме од своите постапки. Сакам да испратам и една порака до режимот.

Сакам да ви порачам дека можете да се заканувате, можете да не бркате од работа, можете да не затворате, можете да не тепате, можете да не убивате, но едно нема да можете да направите, нема да можете да не спречите да ја вратиме слободата и демократијата во Македонија.
Одиме до крај, враќање назад нема!!!

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје